Кои сме ние?
Ние сме здружение на граѓани основано во Валандово, со цел промовирање, унапредување,обезбедување и заштита на човековите права и слободи на граѓаните во општина Валандово, регионот и пошироко.
Човековите права се вродени права и секој човек ги стекнува со своето раѓање. Човековите права им припаѓаат на сите без разлика на пол,раса,боја на кожа, јазик, попреченост, верска и политичка определба, национално и општествени потекло, имотна состојба. Секогаш да го почитуваме другиот, да ги надминеме сите предрасуди и да се бориме за подобро утро .
Човековите права се вродени права и секој човек ги стекнува со своето раѓање. Човековите права им припаѓаат на сите без разлика на пол,раса,боја на кожа, јазик, попреченост, верска и политичка определба, национално и општествени потекло, имотна состојба.
Секогаш да го почитуваме другиот, да ги надминеме сите предрасуди и да се бориме за подобро утро.
Секогогаш да чекориме напред и сите заедно да изградиме подобро општство за сите.
Бидете во тек со најновите активности.
Успешно завршени курсеви во областа на човековите права при Академијата на Институтот за човекови права кои ги реализираа претставници на "Исчекор- Општество за сите" Валандово.
Здружението на граѓани "Исчекор- Општество за сите"- Валандово организира Јавна дебата # Гости-говорници: Г-ѓа Јована Тренчевска- Министерка за труд и социјална политика Г-ѓа Анче Туфекчиева- Здружение за помош и поддршка на лица со Даунов синдром- Вера Струмица Г-дин Димитар Гетов- Специјалист доктор- гинеколог...
Под мотото" Садиме, живот развиваме" учествувавме на отворен ден и заедно со учениците од училиштето и дечињата од Дневниот центар засадивме цвеќиња кои симболизираат заеднички почетоци, искреност и еднаквост. Заедно развиваме емпатични и инклузивни личности и институции, градиме мостови и општество за сите. .
Прекрасно дружење во Јосифово💙Заедно до многу повеќе насмевки и среќни лица💙Ни беше чест да бидеме дел од овој прекрасен и позитивен настан кој сите и не размрда малку😊 Пораката е најбитна- Сите сме исти,да се прифаќаме и почитуваме❤
Денес, 20.04.2022 претседателката на здружението Марија Карамучева Узунова заедно со Заменик амбасадорот и раководител на одделот за економија на Германската амбасада Ото Граф, економскиот советник Марина Серафимовска, атеше за култура Дијана Беме и градоначалникот на општина Валандово Перо Костадинов го потпишавме договорот за проектот " Инклузивно детско игралиште во Валандово. Целта на проектот е поттикнување на поголема социјална инклузија и вклучување на децата со попреченост од нашата општина во заедничка детска игра, слободни активности и социјализација.
Претставници на нашето здружение учествуваа на обука за зајакнување на капацитетите на локални организации за пишување и подготвување проектни апликации, со фокус на повици во рамки на Европска Унија. Обуката ја реализираа претставници од Хелсиншки Комитет за човекови права. Предавач: Д-р Симонида Кацарска.
Најдобрите во својата област.
Ќе ни биде мило да ви помогнеме.
Секогогаш да чекориме напред и сите заедно да
изградиме подобро општство за сите.
Секогаш да го почитуваме другиот, да ги
надминеме сите предрасуди и да се бориме за подобро утро.
Заедно можеме да создадеме одржливо,
инклузивно и пристапно образование!